
Лос Анџелес Лејкерс го совлада Денвер со 120:108 и ја оствари третата последователна победа.
Лејкерси ги предводеше Лука Дончиќ со 31 поен, девет скока и седум асистенции, а сите ги постигна во три четвртини. Словенецот 21 поен постигна во првата четвртина која Лејкерси ја добија со 46:29.
Остин Ривс додаде 22 поени, осум асистенции и пет скока, а Доријан Фини Смит постигна 14 поени.
Во деветтата последователна победа на Лејкерси на домашен терен, Гејб Винсент и Далтон Кнехт постигнаа по 12 поени.
Леброн Џејмс и Руи Хачимура го пропуштија натпреварот поради повреди.
Тимот на Денвер играше без Никола Јокиќ поради повреда на лактот, а Џамал Мареј поради повреда на скочниот зглоб.
Најефикасен беше Арон Гордон со 26 поени и 11 скока, Џејлен Пикет постигна 14 поени.
Расел Вестбрук додаде 12 поени и девет асистенции, а Мајкл Портер и Пејтон Вотсон исто така постигнаа по 12 поени.
Резултати:
Индијана – Далас 135:131
Орландо – Хјустон 108:116
Мајами – Детроит 113:116
Минесота – Њу Орлеанс 115:119
Оклахома – Филаделфија 133:100
Сан Антонио – Њујорк 120:105
Јута – Вашингтон 128:112
ЛА Лејкерс – Денвер 120:108
Феникс – Чикаго 127:121
Портланд – Мемфис 115:99
Сакраменто – Кливленд 123:119