Skip to main content
Балкан

Домот на народите во БиХ го усвои законот за зголемување на старосната граница за војници

17/12/2025  19:54

Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, познат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба на војниците се зголемува на 45 години, јавува регионалната телевизија Н1.

Законот, разгледан на вонредна седница, беше предложен од делегатот Џемал Смаиќ. Со усвоените измени се поместува досегашната граница од 40 години, под услов војниците да ги исполнуваат психофизичките барања и потребите на службата.

Во образложението, Смаиќ нагласи дека вооружените сили на БиХ се соочуваат со сериозен недостиг на персонал, поради што продолжувањето на старосната граница е неопходно за одржување на оперативните способности на армијата.