Skip to main content
Економија

Домашната градежна оператива со намалена договорена и извршена работа во странство

15/05/2025  08:27

Домашната градежна оператива во периодот јануари – март годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 23 милиони денари.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првиот квартал годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 58 285 илјади денари,за 65.2 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.  Вредноста на извешните градежни работи изнесува 23 320 илјади денари, за 55.8  проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Македонската градежна оператива во првиот квартал договорила работа во Германија, Чешка, Албанија и Данска.