Skip to main content
Македонија

ДОМ: Кривична одговорност за еколошката хаварија на Крива Река

14/03/2025  20:46

Политичката парија ДОМ го повикува Обвинителството да покрене кривична пријава за денешното загадување на Крива Река.

Политичката парија ДОМ го повикува Обвинителството да покрене кривична пријава за денешното загадување на Крива Река поради испуштање на енормно количество јаловина со тешки метали и хемикалии од рудникот Тораница и помор на рибниот фонд долж сливот кон Пчиња и Вардар.

Согласно кривичниот закон ваквото загадување на животната средина претставува тешко кривично дело против природата и животната средина каде се предвидени затворски казни над 10 години за одговорните лица во правното лице.

Министерството за животна средина и Обвинителството треба да ги превземат сите дејствија во нивна надлежност, а не се исклучува можноста согласно Законот за животна средина за одземање на А интегрирана еколошка дозвола на рудникот Тораница поради тоа што ова е трета еколошка хаварија во последните 5-6 години,се наведува во партиското сопштение.