Најновите истражувања покажуваат дека просечната личност поминува околу 7,7 часа дневно во седечка положба. Оваа навика носи бројни негативни последици по телото и го става неактивниот животен стил на четвртото место како најчеста причина за предвремена смрт во светот.
Со зголемувањето на бројот на седечки професии, експертите предупредуваат дека е неопходно да се реагира уште пред да се појават сериозни проблеми. Долгото седење може да предизвика:
• Проблеми со држењето: Болки во рамениците, вратот и грбот се најчести. Лошото држење при седење може да доведе до стегање на ‘рбетните дискови и трајни проблеми.
• Проблеми со дигестивниот систем: Јадењето додека седите или веднаш по јадење може да го успори варењето, предизвикувајќи непријатности.
• Проблеми со нозете: Неактивноста доведува до слаба циркулација, отоци, болки во мускулите и зголемен ризик од остеопороза.
За да ги намалите ризиците, следете ги овие совети:
• Станувајте и движете се за време на паузите.
• Обрнете внимание на правилното држење: стапал