Skip to main content
Македонија

Докторка сама собирала ластици кои ги нашла во аптеки низ Битола за да донесе за пациенти, иначе од болницата во Кочани нема

20/05/2025  19:28

Дарко Златев еден од повредените во пожарот во Кочани вели дека е задоволен е од тоа како лекарите се грижат за повредените, но не и од условите во болницата.

По трагедијата тој бил 41 ден на лекување во Белград, а сега веќе десети ден по ред продолжува во кочанската болница на физикална терапија.

Дарко не можел да ги движи прстите, но со помош на вежбите сега е многу подобар. Тој вели мора да се опорави за да продолжи со работа.

Ова ми е десети ден како сум на физикална и секој ден е подобро и подобро. Не можев да ги движам прстите, сега веќе има доста напредок. Бев во Белград 41 ден, десната рака ми е со трансплантација, на левата рака има изгореници само на прстите“, вели Златев.

Златев вели грижата за пациентите, услугите од целиот медицински кадар се на високо ниво. Дополнително вели дека кремите ги набавуваат сами.

„Кремите сам си ги купувам од Белград, ги пишува во отпусната листа кои креми да ги користам, тие ги нема тука и сами си ги купуваме на наш трошок од Белград. Завоите од тука се од болницата и тоа мислам вчера баш кажа докторката тие што се ластиците сама ги нашла во Битола од сите аптеки ги купила за да донесе за нас, иначе од болницата немаме“, вели Дарко.