Skip to main content
Македонија

Доктор Милковски во поткастот “Зрак”: Вакцинација, редовни прегледи и тестирања за да се превенираат гинеколошките тумори кај жените

02/02/2025  21:43

Во најновото издание на поткастот “Зрак” со доктор Марина, се зборува за женското здравје, односно она што месецов е актуелно, а тоа е карциномот на матка и гинеколошките тумори.

Во студиото овој пат гости беа специјалист доктор Даниел Милковски, од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, специјалист доктор Јасмина Џундева, од Универзитетската клинка за радиотерапија и онкологика како и пациентката Елида, која пред гледачите ја раскажа својата животна приказна во борбата со цервијален карциномот на утерусот (матката).

Доктор Милковски истакна дека секоја среда има онколошки односно тумор борд состаноци од онколог, гинеколог, патолог и радиолог, на кој се одржува конзилиум и заедно се решава за пациентите со вакви типови на карциноми. Секој пациент на кој му е дијагностицирана болеста поминува на овој комзилиум од повеќе доктори без разлика на тоа во каков стадиум се наоѓа болеста.

За сите карциноми границата се повеќе се поместува нанапред, па во болница доаѓаат се помлади пациенти и се повеќе во напреден стадиум на болеста.

Цервикалниот е најчест, по него доаѓа ендометралниот и оваријалниот на крај.

Цервикалниот е единствениот карцином којшто е достапен на скрининг односно на ПАП тест како цитолошки во Македонија, а во светот постои и ХПВ базиран скрининг за детекција на ХПВ вирусот.

Според СЗО доволно е еднаш во три години да се направи тестот, што значи доколку тој е негативен пациентката следниот треба да го направи за три години, доколку пак се воведе овој ХПВ скрининг кој го има во светот, тој се дозволува да се прави еднаш на пет години доколку е негативен. Секако доколку се покаже некаков проблем на ПАП тестот потоа е потребно правење многу почесто на тестовите и следење на состојбата. Кај тие пациенти има точно определена патека по која се водиме и кај нив потоа се прави и ХПВ тестирање иако не е воведен во Македонија скринингот на нашата клиника за овие пациенти веднаш се прави и ХПВ типизација и се одредува типот на ХПВ вирусот и во зависност од добиените резултсти се одлучува дали се потребни дополнотелни дијагностички метод или ќе остане само на следење.

Иако многу поретко, кај жени кои прават инвитро оплодување може да настане ендометријален карцином, а во последно време докторите се сведоци дека тој се јавува и кај млади пациентки.

Обезноста е еден ризик фактор за добивање на ваков вид на карцином поради поткожното масно ткиво и присуството на естрогените, тука е и дијабетот, тип еден и два и хипертензијата. Тоа се ризик фактори кои можат да доведат до појава на ендометријален карцином.

Тука е и јатројалниот ендометријален карцином кај жени во менопсуза кои земаат хормонална терапија, односно терапија со естроген и секако има пациенти кои имаат генетска предиспозиција за таков вид на карцином, а тоа се најчесто пациенти со линч синдром кој се поврзува со дебелото црево, тие пациентки треба да бидат следени, доколку во поблиското или подалечното семејство имале некој со овој синдром и потребно е да се направи секако и генетско тестирање.

Докторот напомена дека бременоста штити од ендометријален карцином исто така и оралните контрацептиви. Според литературата која ни е доатапна докажано е дека доколку само една година пациентката зема орални контрацептиви таа е заштитена од ендометријален карцином, но треба да се напомене дека има ризик фактор за појава на друг тип на карцином како што е ракот на дојката и секако тромбогеналниот ризик кој го носат. Односно едно штити но на друго може да направи штета.

Од оваа година е воведена деветто валентната вакцина против наонкогенетите типови на ХПВ и таа е воведена во редовен календар. Од 12 до 15 години се ординираат две вакцини на 6 месеци а доколку се дава од 15 до 18 години тогаш треба да се аплицираат 3 дози.

Сепак и покрај големата информираност на јавноста за важноста на овие вакцини за превенција од болеста постојат предрасуди и низок степен на опфатеност на населението односно под 50 проценти.

Оваа вакцина штити од дури девет болести и поради тоа е многу значајна и за мажите и за жените, бидејќи треба и мажите да престанат да бидат трансмитери односно спроводници на овој вирус (ХПВ) кој оди по сексуален пат. Тоа е единствена вакцина која што штити од карцином.

Иако не може да се каже во бројка сепак голем односно најголем е бројот на операции поради некој ваков вид на карцином на клиниката за Генекологија.

Како совет до сите жени доктор Милковско вели треба редовна посета на гинеколог, редовни прегледи, редовно правење на потребните тестирања, при појава на позитивен ПАП тест да не се остава состојбата како нешто незначајно, секогаш да бараат додијагностицирање и следење на ситуацијата.

Докторот потенцира дека секоја жена во некој период од животот ќе дојде во контакт со ХПВ вирусот, но тој не секогаш значи и присуство на болест. Доколку тој перзистира до 10 години може да прерасне во карцином, но секако треба да се следат и да се лекуваат.

Тој се надева дека во најскоро време во нашата земја ќе се воведе и ХПВ скринингот кој е посензитивен и кој многу полесно може да ја детектира болеста. Точноста на цитолошкиот односно ПАП тест е само 50 проценти.

Целиот поткаст погледнете го во продолжение: