
Во новата епизода на поткастот “Зрак” до доктор Марина, овојпат се обрна внимание на лимфомите, односно ракот на лимфниот систем. Гости во студиото се хематолог од Клиниката за хематологија, доктор Божидар Кочовски и пациентаката Ајлин која за среќа е победник во борбата со Хочкин лимфом.
Доктор Кочовски за граѓаните објасни малку повеќе за тоа што значи оваа болест, кои се симптомите и какво е лекувањето кај нас.
Тој вели дека стапката на излекувања кај нас од оваа болест е висока и болницата за хематологија е снабдена со потребната терапија за овие пациенти, а додаде и дека секогаш е важно навременото дијагностицирање кое е пропратено со сомптоми како ноќно препотување, слабеење, необично чешање по телото, вртоглавици, необјаснива температура и треска, па често се дијагностицира болеста кај пациенти кои со овие симптоми подолго време заглавиле на Клиниката за инфективни болести.
Тој истакана дека начинот на кој ќе се третира болеста зависи од стадиумот на самата болест, при нејзиното откривање. Доколку се открие болеста во поран стадиум се дава помал број на циклуси хемотерапија, а бројот се зголемува како што стадиумот на болеста е повисок, некогаш се користи и комбинирана терапија односно се дава хемо и радио терапија, а во светот индициите се да се комбинира со имунотерапија. Вели се гледа да се фокусира на полесно, поефикасно и помалку токсично лекување, но тоа е прашање на финансии и достапност на овие лекови.
Како во светот така и кај нас, поуспешна приказна на лекување е хочкиновиот лимфом, за разлика од другиот тип – нехочкинов лимфом каде исто така има поделба на спорорастечки и група на агресивни, брзорастечки тумори чиј тек на лекување знае да биде потежок и поагресивен и тука успесите за излекување зависат од типот на болеста. Најбитнит детал е дека колку порано се дијагностицира болеста и се почне со лекување, толку се поголеми процентите на излекување.
Запрашан за тоа дали на време доаѓаат пациентите кај нас, докторот вели дека иако често се прават едукативни кампањи поврзани со оваа болест сепак граѓаните не доаѓаат навреме. Вели кривицата за ненавременото дијагностицорање е и до општата свест и знаење на граѓаните, но дел е и поради преоптовареноста на примарното и секундарното здравство, каде класичниот хематолошки преглед што е битен за болеста, со палпација на лимфните жлезди често пати е занемарен.
Целиот разговор погледнете го во продолжение: