Skip to main content
Македонија

Доктор Агирова од „Пирогов“: Пациентите со изгореници ќе зaкрепнуваат 5 до 7 години поради реконструктивни операции, 4 пациенти се уште во тешка но стабилна состојба

09/04/2025  16:43

Пациентите со изгореници добиени во пожарот во дискотеката Пулс ќе закрепнуваат од пет до седум години поради потребните реконструктивни операции, изјави докторката Маја Аргирова од бугарската болница Пирогов, додавајќи дека состојбата на четворицата настрадани кои продолжуваат со лекувањето во оваа болница е тешка но стабилна.

Др. Аргирова појаснува дека лечењето на македонските пациенти со изгореници не престанува откако ќе бидат испишани од болниците, туку продолжува во домашни услови со секојдневни рехабилитациски процедури, специјална облека како и здравствени инструкции кои мора да ги почитуваат скоро две години по испишувањето.

Во меѓувреме, Министерството за здравство соопшти дека денеска во Македонија се враќаат четворица повредени кои се лекуваа во странство – двајца од Хрватска и по еден од Шведска и Италија.