Skip to main content
Спорт

Доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот

11/06/2025  15:17

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски денес на свечена церемонија во Владата, им доделија Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во екипни спортови.

Во своето обраќање до добитниците на признанието Мицкоски порача дека е исправена една неправда и дека спортистите-амбасадори ја добиваат заслужената почит за тоа што со години наназад ја претставуваа Македонија ширум светот.

„Овие 22 признанија се само почеток. Почеток на една нова политика, нов систем на вредности, во кој спортот не е само натпревар, туку образец. Затоа што, ако спортот нè научи нешто, тоа е дека ништо не доаѓа преку ноќ. Дека успесите се плод на долги и тешки патеки“, рече Мицкоски.

Со национално спортско признание за врвни достигнувања во спортот се стекнаа:
– фудбал: Горан Пандев, Дарко Панчев, Илија Најдоски
– кошарка: Петар Наумоски, Перо Антиќ
– ракомет: Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов, Владо Недановски, Петар Ангелов, Марко Кизиќ, Марко Мишевски, Мартин Поповски, Валентина Радуловиќ, Елена Ѓорѓиевска, Индира Кастратовиќ, Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милева Велкова, Анжела Платон, Лариса Кисељова, Елена Златановска-Муратовска, Клара Боева.