Skip to main content
Скопје

Дочек на Нова година во Скопје на плоштад „Македонија“ сепак ќе има – Ќе настапат домашни изведувачи

26/12/2024  16:47

За дочек на Новата 2025 година на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје ќе настапат ,,Sarah Mace & The Girlzz”, „Љубојна“, „Ареа“ и „Нокаут“. Прославата за дочекот ќе започне во 19.30 часот.

Организатор е ,,Спектаклум” во соработка со Град Скопје, а спонзори се Дајмонд Мол и Лимак.