Skip to main content
Економија

Добра вест: Сериозно намалување на цената на јајцата

12/01/2026  09:35

Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е сериозно намалена, или поточно кажано е вратена на претходното ниво пред вртоглаво да се зголеми.

Дел од маркетите веќе од денес ја имаат намалено цената за околу 60 до 80 денари за табла од 30 јајца, односно за 30-40 денари за табла од 10 јајца, додека според најавите од добавувачите дел од маркетите цената би ја ревидирале во наредните денови.

Па така табла од 30 јајца која се продвала за 370 денари, од денес се продава за 279 денари, додека мала табла од 135 денари, сега се продава за 99 денари.

Цената на јајцата екстремно се зголеми кон средината на ноември 2025 година кога буквално преку ноќ се забележа раст од 20 до 30 проценти на малопродажната цена.