
Под влијание на брз продор на посвежа воздушна маса од север, во нашата Република Македонија во четврток попладне и навечер (17 јули) како и во петок (18 јули) особено во претпладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер од северен правец, а ќе има услови и за појава на локално невреме.

И во Скопје и околината овој брз продор на посвежа воздушна маса од север ќе биде проследена со засилен ветер од северен правец, локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со услови за појава на краткотрајно невреме во делови од котлината.
Што се однесува до температурите, тие во петок (18 јули) ќе бидат пониски од сегашните за 4 до 6 степени и максималните дневни температури во петок ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Во Скопје и околината во петок максималната дневна температура во петок ќе се искачи до околу 28 степени.