Skip to main content
Македонија

Доаѓа многу топол бран од Африка, следната седмица температури до 40 степени

21/06/2025  10:26

Под влијание на многу топла воздушна маса која ќе продре од Африка кон нашата Република Македонија, од понеделник (23 јуни) па во текот на целата следна работна недела времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

И во Скопскиот регион, во текот на следната работна седмица ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие значително ќе се покачат и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Во Повардарието од средината на следната седмица температурата ќе се искачува до околу 40 степени. Во Скопскиот регион температурата во текот на следната работна седмица ќе се искачува во интервалот помеѓу 38 и 40 степени.