Skip to main content
Македонија

До вторник (14 октомври) повеќе сонце и потопло време во Македонија

12/10/2025  09:44

Метео анализа на Славчо Попоски:

До вторник (14 октомври) во нашата Република Македонија ќе имаме стабилно, суво и потопло време преку ден со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Ќе имаме сончево време со појава на мала до умерена, локално и малку позначителна облачност.

Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје  и околината исто така времето до вторник (14 октомври) ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе се искачува до околу 20 степени.

Наутро останува релативно ладно време со температури слични на оние кои ги имавме изминатите утрини во нашата Македонија.