Skip to main content
Македонија

До петок ќе биде поднесено обвинение за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани

10/06/2025  13:05

Надлежните органи најавуваат дека до петок ќе биде поднесено обвинение за пожарот што се случи во дискотеката Пулс во Кочани, каде што загинаа 62 лица. Истрагата се одвива со интензивно темпо, а досега се обезбедени бројни докази и извршени се разговори со сведоци и осомничени.

Ова на брифинг со новинари го соопшти државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Јавното обвинителство најавува дека обвинението ќе биде поднесено против сите кои ќе бидат утврдени како одговорни за трагедијата.