
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Температурите ќе се движат од 3 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
До крајот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Температурата во главниот град ќе биде од 10 до 25 степени.