Skip to main content
Македонија

До крајот на јануари уште еден неработен ден, но не за сите граѓани

21/01/2025  12:53

Полека изминува јануари – месецот полн со празнувања и неработни денови. До крајот на месецов уште еден неработен ден, но само за една категорија на граѓани.

MK Summit

За граѓаните припадници на српската заедница во Македонија неработен ден ќе биде 27 јануари (понеделник) кога се слави Свети Сава.

Следниот неработен ден за сите граѓани е 30 март (недела) кога се слави Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно нема да се работи на 1 април (понеделник).

Во 2025 година ќе имаме помалку продолжени викенди за разлика од минатата година.