
Росица, сестрата на неодамна починатата Фросина Кулакова, која животот го загуби откако Васил Јованов ја прегази на пешачки премин, се огласи на социјалните мрежи по веста дека вчера повторно во Скопје е прегазена 25 годишна девојка од Битола.
“До кога од улиците ќе правите гробишта? До кога ќе броиме жртви, ќе палиме свеќи, ќе плачеме над изгаснатите младости?
Се уште одекнува болката од загубата на мојата сестра… а синоќа уште една жртва. Колку уште? Колку животи треба да бидат згаснати или засекогаш променети конечно нешто да се промени?
Ова не е судбина. Ова не е несреќа. Ова е беззаконие, немарност, некултура што убива! Колку уште крв треба да се пролее пред да кажеме ДОСТА Е?!
Со лесно на повреденото девојче, нека закрепне што побрзо”, напиша таа.