Skip to main content
Македонија

До 15 часот гласале 31,16 проценти од избирачите

19/10/2025  16:11

До 15 часот на локалните избори своето право на глас го искористиле 31,16 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.

Државната изборна комисија информираше дека добиле податоци од 3167 избирачки места каде право на глас имаат 1 653 213 гласачи, а досега гласале 515 069 граѓани.

Најголема излезеност има во Берово 40,14 проценти; Богданци39,57 проценти; Валадндово 30,88 проценти; Гевгелија 35,78 проценти; Градско 37,12 проценти; Демир Капија 46,65 проценти; Дојран 48,88 проценти; Кратово 42,35 проценти; Крушево 47,35 проценти; Пробиштип45,12 проценти…

Најмала излезеност има во Центар Жупа 17,12 проценти; Радовиш 24,24 проценти; Маврово и Ростуше 20,14 проценти; Гостивар 20,95 проценти…

Излезеноста во Град Скопје до 15 часот е 31,16 проценти.

По општини во Аеродром излезеноста е 31,50 проценти, Бутел 33,10, Гази Баба 27,82, Ѓорче Петров 30,11, Карпош 33,37, Кисела Вода 31,58, Сарај 36,33, Центар 34,40, Чаир 35,30 и Шуто Оризари 21,99 проценти.

Досега во ДИК не пристигнале никакви приговори во насока на неправилностите и гласачите непречено го остваруваат своето право на глас.

Тодоровска Алексовска информираше во избирачко место 2607 во Карпош е преминато кон гласање со УВ ламба, поради тоа што дошло до заглавување на СИМ картичката во уредот за биометриска идентификација на гласачите. ДИК, поради тоа донела одлука во ова избирачко место да се продолжи гласањето на стариот начин. Таа увери дека граѓаните ќе можат непречено да го остварат своето избирачко право на тоа избрачко мести и потсети дека на минатите избори имало шест вакви случаи.