
До 13.00 часот гласале 8,89 отсто од запишаните избирачи во избирачкиот систем во четирите општини каде денеска се одржуваат повторените избори.
Во Маврово и Ростуша гласале 10,03 проценти, во Гостивар 8,73, во Врапчиште 9,58 отсто од запишани гласачи.
Најмала излезеност повторно има во Центар Жупа каде гласале 6,61 процент односно 500 луѓе во апсолутни бројки.
