
Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше последните случувања поврзани со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која во живо преку социјалните мрежи објавува снимки од, како што тврди, дивоградби – главно во Општина Чаир – и јавно се пресметува со градоначалникот Висар Ганиу.
Арсовска откри дека добивала и закани по живот, а во врска со тоа, Мицкоски изјави дека институциите треба да постапуваат соодветно.
„Јас го охрабрувам Јавното обвинителство да постапува по пријавите од градоначалничката Арсовска. Ние не можеме да постапуваме или да не постапуваме – законот треба да важи за секого. Мене ми е жал ако градоначалничката добива закани по живот и ја охрабрувам истите тие да ги пријави во МВР, а МВР да постапува по истите“, изјави Мицкоски.