Skip to main content
Македонија

Директорката ја уништува болницата: Медицинскиот персонал во детската болница Козле се обрати со писмо до Мицкоски и Таравари

18/12/2024  12:35

Медицинскиот персонал на детската болница „Козле“ со отворено писмо се обрати до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари, изразувајќи загриженост за состојбите во болницата под раководството на директорката Каролина Симоновска, пренесува ТВ21.

Во писмото, персоналот обвинува дека директорката ја уништува болницата, посочувајќи на деградацијата на кабинетот за бронхоскопија. Според нив, од назначувањето на Симоновска, бројот на изведени бронхоскопии драстично се намалил – од 67 во текот на 2023 година и 40 во првата половина од 2024 година, на само 3 по нејзиното доаѓање.

„Со ова раководство, директорката постигна уништување на дејноста која успешно функционираше повеќе од 50 години“, се наведува во писмото. Персоналот исто така алармира за бројни оставки и отпуштања на стручен кадар, што дополнително ја загрозува работата на болницата.

Писмото беше доставено до ТВ21, која ги објави клучните наоди и апелот на персоналот до надлежните да преземат мерки.