
Австриецот Џеј Џеј, кој победи на Евровизија во Базел, јавно побарал на Израел да му се забрани учество на гореспоменатото музичко натпреварување, кое ќе се одржи во Виена следната година.
„Многу е разочарувачки да се види дека Израел сè уште учествува во натпреварот. Би сакал следниот Евровизиски натпревар да се одржи во Виена без Израел“, рекол тој во интервју за „El Pais“.
Иако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) инсистира дека Евровизискиот натпревар за песна е политички неутрален, годинава беше полн со контроверзии бидејќи на Израел му беше дозволено да учествува и покрај тоа што изврши геноцид врз палестинскиот народ.
Џеј Џеј, исто така, критикувал дека процесот на гласање на Евровизија не е транспарентен и повикал на реформи за зголемување на транспарентноста на гласањето.
За потсетување, белгискиот фламански јавен радиодифузен сервис VRT бара транспарентност во врска со гласањето од ЕБУ поради Израел. Освен Белгија, истото го бараат и шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE и германскиот телевизиски канал ARD.