Skip to main content
Македонија

Димовски за 4ТВ: Компаниите подготвуваат стратегии за справување со глобалните економски притисоци

09/04/2026  20:44

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во гостувањето на „Ноќно студио“ на 4ТВ, истакна дека целата светска економија се соочува со сериозни притисоци поради актуелните глобални тензии.

Според него, секоја одговорна компанија во овој период веќе подготвува детални планови и стратегии.

Целта на овие чекори е навремено позиционирање и создавање механизми кои ќе помогнат максимално да се ублажат негативните последици и ризици што произлегуваат од економската нестабилност.