
Според фејсбук статус на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитриевиќ, денес во преспанскиот крај, заедно со кандидатот за градоначалник на Ресен, Александар Бузлевски, се следи текот на бербата на јаболката сезоната што со децении е симбол на трудот, потта и идентитетот на преспанскиот земјоделец.
Меѓутоа, многу од овоштарите, кои го снабдуваат народот со храна, се жртви на неспособноста на ДПМНЕ. Според нивните податоци, 2025 година ќе остане запаметена како една од најтешките и најнеповолните години, со најмал принос во последната деценија.
Причините се добро познати: пролетните мразеви го зафатија родот во раните фази на цветање, предизвикувајќи огромна штета. Голем дел од јаболката беше уништен, а она што преживеа е со понизок квалитет и значително намалена количина. Според земјоделците, приносот годинава е само 30% од просечната година.
„Се трудиме цела година, вложуваме, плаќаме скапи препарати, гориво и работна сила, а на крај остануваме со празни раце. Ова е катастрофа“, велат јаболкопроизводители од Ресен и околните села.
Дополнителен револт предизвикува фактот што мерката од 2 денари субвенција по килограм јаболка од реколтата 2023 година беше исплатена само половично, и покрај јавно даденото ветување дека ќе се исплатат сите количини, вклучително и оние продадени по 15 јануари 2024 година.
Александар Бузлевски е човек кој ќе застане зад земјоделците, е запознаен со сите нивни маки и рамо до рамо со нив ќе се бори за подобра иднина. Преспа и преспанското јаболко заслужуваат фер и одговорен однос од локалната власт.