Skip to main content
Македонија

Димитриеска-Кочоска: Владата го усвои ребаланскот на буџетот

19/06/2025  15:13

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одржа прес конференција на која потенцира дека Владата го усвила ребалансот на буџетот.

На предлог на министерството за финансии Владата го усвои преглог ребалансот на буџетот за 2025 година, кој ги следи основните приоритети на фискалната политика, а тоа е продолжување на фискалната консолидација, обезбедување макороекономска стабилност и поттикнување развој. Вкупните приходи се проектирани на ново од 362,4 милијарди денари или за околу 1% повеќе во однос на буџетот, односно за околку 3,5 милијарди денари, изјави Министерката Димитриеска-Кочоска.

Растот на планираните средства е разултат на зголемени неданочни приходи, административни такси, концесии, добивка од Народната банка и други неданочни приходи.

-Проширување на самофинансирачките активности на институциите што ќе овозможи тековното работење и програмските приоритети наместо со целосно финансирање од буџетски средства, да ги финансираат со средства од сопствените приходи односно сметки, потенцира министерката.

Даночните приходи остануваат непроменети.