Skip to main content
Македонија

ДИК отфрли четири, а прифати еден приговор за заштита на лично избирачко правo

19/10/2025  12:55

Државната изборна комисија отфрли четири приговори поднесени од граѓани за заштита на лично избирачко правo, а прифати еден.

Четирите приговори се отврлени бидејќи по проверката било утврдено дека лицата се запишани во избирачкиот список. Прифатениот приговор е на лице од Струга, по проверката било утврдено дека го нема во избирачкиот список, а лицето ги исполнува условите за тоа. Па така, ова лице денеска ќе гласа на избирачко место во Општина Струга.

Лицата на кои ќе им биде прифатен приговор со себе задолжително да го носат решението за да им биде овозможено да гласаат. Оттаму апелираат граѓаните да проверат дали ги има во избирачкиот список што е јавно достапен на страната на ДИК и во Општинската изборна комисија.