Skip to main content
Македонија

ДИК: Излезност до 09:15 часот – гласале околу 3% од запишаните избирачи

19/10/2025  10:17

Според првичните податоци од Државната изборна комисија, до 09:15 часот своето право на глас го оствариле 41.890 граѓани, што претставува околу 3% од запишаните избирачи на ниво на целата држава.

„До 09:15 минути, од вкупниот број на избирачкиот список, бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци е 76,71%, каде што се запишани вкупно 1.394.158 граѓани“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Според податоците по општини, излезноста се движи различно:

во Битола излегле 3,38%,

во Боговиње 1,28%,

во Бутел 3,36%,

во Врапчиште 0,70%,

во Гевгелија 4,30%,

во Гостивар 1,71%,

а во Градско 5,61% од гласачите.

Од ДИК најавија дека следниот пресек на излезност ќе биде објавен во текот на претпладнето.