Skip to main content
Свет

Дијаз-Канел: Куба не преговара со САД

12/01/2026  18:19

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел денеска изјави дека неговата администрација не води преговори со САД, еден ден по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Дијаз-Канел истакна дека односите меѓу двете земји треба да се базираат на меѓународното право, почитување и заемна корист, а не на закани и економска принуда. Трамп претходно порача дека Куба повеќе нема да смета на нафтата и финансиската поддршка од Венецуела, која досега обезбедувала околу 35.000 барели нафта дневно.