
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка кој загина при падот на надстрешница во Нови Сад, и покрај лошата здравствена состојба, одлучи да го продолжи штрајкот со глад пред Собранието на Србија.
Откако вечерва доби медицинска помош и инфузија во приватна клиника, Хрка се врати пред Собранието за да го продолжи својот протест. Таа решително ги отфрли сите предлози од нејзиниот најблизок круг и поддржувачите да го прекине штрајкот, нагласувајќи дека нема да се повлече додека не се обезбеди правда за нејзиниот син.
Хрка штрајкува со глад од 2 ноември, барајќи одговорност од институциите за трагичната несреќа во која животот го загуби нејзиниот син Стефан. Според поддржувачите, нејзината решителност станува симбол на борбата на сите родители кои бараат вистина и правда.

