Skip to main content
Спорт

Џеков пред квалификациите за ЕП: Верувам дека можеме да се оствариме добар пласман

23/05/2025  11:48

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година вчера и официјално ги стартуваше подготовките за претстојните два контролни натпревари со селекцијата на Косово.

Првиот тренинг нашите фудбалери го одработија на стадионот „Борис Трајковски”, во Маџари.

Еден од клучните играчи во одбраната на Силекс и член на младата репрезентација до 21 година, Ѓорге Џеков даде свој коментар за почетокотот на подготовките и двете контролни средби со Косово.

– Верувам дека секој од нас ќе го даде максимумот на овие подготовките, со оглед на тоа што се последни пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП Имаме позитивен период позади нас, одработивме добри подготовки во Анталија. Косово е добра селекција и незгоден противник, но ние сакаме на двата натпревари да оствариме позитивен резултат. Мислам дека покажавме на претходните два контролни натпревари во Анталија дека како селекција поседуваме квалитет. Пред нас се квалификациите за ЕП, верувам дека можеме да се оствариме добар пласман, изјави Џеков.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 28 мај, со почеток во 19. часот го игра првиот контролен натпревар со Косово во Приштина. Втората контролна средба на програмата е на 31. мај, во Скопје, со почеток во 15. часот.