
На 2 август, на големиот македонски празник “Илинден”, во Охрид се одржа концертот на годината. Џејсон Деруло за првпат во својата кариера настапи во Македонија и го преплави стадионот “Билјанини извори”.
Концертот започна со неговите најголеми хитови како “Wiggle” и “Take you dancing”, а на сцената со него имаше и уште дваесеттина танчери и танчерки, со што сцената изгледаше светски. Македонците го добија истото шоу како фановите насекаде во светот.
Дерло е познат како одличен пејач, перформер но и одличен танчер. На сцената смени три аутфити, а како и секогаш при крајот на концртот маицата ја фрли на публиката. На публиката и се обраќаше со Македонија и многупати истакна дека е среќен што за првпат доаѓа во нашата земја, која, од она што видел, многу му се допаднала.
Присутните имаа можност премиерно да го слушнат и неговиот ремикс на моментално најголемиот хит “Dame un grr”, а не изостанаа ниту сите поголеми негови хитови како “Jeleby baby”, “Talk dirty to me”, Spicy margarita”, “Savage love”, “The other side” и многу други.
Неговито настап траеше неполни два часа, а публиката го очекуваше и на бис, но по него со свој настап продолжи српската пејачка Бресквица, додека пред него настапија нашите “Два бона”.
Наталија Јосифоска
Фото: Прагма продукција