
Игор Џамбазов неодамна беше гостин на поткастот “Претрес” кај новинарот Ландов и меѓу другото зборуваше и за својот пријател Тоше Проески.
Џамбазов рече дека одговорно тврди дека Тоше за Македонија направи повеќе од сите министри за надворешни работи од осамостојувањето до сега. Вели Тоше не го сакаа само нашите соседи, туку цела Европа и Балкан, потенцирајќи дека сега се уште има огромни фан клубови во Хрватска и Словенија.
Тој вели не доволно го ценевме Тоше, и тек допрва ќе гледаме дека надвор го сакаа повеќе отколку дома, исто како и легендарната група “Леб и сол”.
Како што истакна Џамбазов тој грешката за она што му се случи на Проески ја гледа во неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, која не смеела да дозволи ѕвезда како Тоше кој потпишал договор од 2 милиони фунти, да биде возен од неговиот најдобар другар со кола, само затоа што Тоше се плашел од авион.
Тој истакна дека со таквиот став доколку несреќата не се случела во октомври, ќе се случела во мај, односно дека неизбежно било нешто такво, а потребен му бил професионален возач.
Тој самиот призна дека за малку истото ќе му се случело и нему, па поради тоа уште години наназад земал професионален возач кој здрав и жив го враќал дома секој пат.
Меѓу другото тој кажа и дека не смета дека Лилја ова го направила за да заштеди 200-300 евра, туку затоа што му дозволила на Тоше да одлучува за тие работи, не свесен самиот за тоа колкава ѕвезда стана.