Skip to main content
Хроника

Девојче со тротинет удрило во бетонски столб – тешко е повредено

25/06/2025  13:43

На 24.06.2025 околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, А.Е.(18) од Скопје , управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и удрила во бетонски столб.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Е., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.