
На крајот на ноември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.862,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 19 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (73,9%), по што следуваат монетарното злато (16,4%) и валутите и депозитите (9,7%), велат од Народната банка.
Од Народната банка напоменуваат дека податоците се однесуваат на состојбата на девизните резерви и останати девизни средства на НБРСМ на определен датум. Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

