
Во ноќните часови меѓу 26 и 27 декември 2025 година, полициски службеници од СВР Скопје спровеле акција на повеќе локации во главниот град, при што биле лишени од слобода девет лица осомничени за недозволено поседување наркотични средства.
Меѓу приведените се Б.М. (27), В.К. (46), Е.Ќ. (31), А.П. (28) и В.Н. (28) од Скопје, Д.Т. (31) од селото Булачани, Б.И. (36) од Гостивар, Е.Х. (35) од селото Отља во општина Липково, како и Е.Е.Г. (20), државјанин на Турција со престој во Скопје. При извршените контроли, полицијата кај осомничените пронашла и одзела бела грутчеста и бела прашкаста материја, марихуана, како и дробилка.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека по целосно расчистување и документирање на настаните ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежните институции.

