Skip to main content
Македонија

Девет колумбијки приведени во Гостивар за злоупотреба на туристички престој

26/11/2025  15:43

Полицијата лишила девет државјанки на Колумбија под сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој во гостиварско, а против нив се поднесени соодветни пријави.

Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер (25.11.2025, околу 01:30 часот) при превземање мерки во угостителски објект во селото Добридол биле затекнати 13 жени.

– Меѓу нив имало девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки.Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), П.М.М.М. (32), сите од Колумбија се приведени, против нив се поднесени пријави, велат од СВР Тетово.

. Од Основен суд Гостивар им е одредена мерка забрана за влез во државата во времетраење од една година и парична казна.