
На 29.04.2025 околу 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Петар Ичко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Е.(20) од Скопје и електричен тротинет, управуван од малолетник од село Страхојадица, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата во дневниот билтен.