Skip to main content
Хроника

Дете од Дебар е тешко повредено во сообраќајна несреќа

17/06/2025  17:55

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил во дете кое возело електричен тротинет. Момчето момчето има сериозни повреди, соопшти полицијата.

„На 16.06.2025 околу 18:20 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Мојси Големи“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од У.Ц.(53) од Дебар и електричен тротинет, управуван од малолетник од Дебар. Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар“, пишува во полицискиот билтен.