
Во ОВР Гостивар вчера од Ургентниот центар Гостивар било пријавено дека кај нив без свест и за укажување лекарска помош било донесено тригодишно машко дете од Гостивар.
Родителите изјавиле дека дека детето изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши и изгубило свест.
На детето му била укажана помош, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.