Skip to main content
Хроника

Дете е тешко повредено при велосипедска несреќа

06/06/2025  15:28

На 05.06.2025 година во 12.42 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.,,4-ти Ноември’’ во Битола малолетник додека управувал велосипед паднал на коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Добрушево, битолско, констатирани во Клиничката болница Битола, соопштија од МВР во денешниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.