Skip to main content
Македонија

ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ДО КРАЈОТ НА ЈАНУАРИ: Дали не очекува нов Арктички бран, посилен од овој по 20 јануари?!

16/01/2025  12:10

Според она што можам да го кажам подолгорочно кога се работи за временската состојба во нашата Република Македонија, е тоа дека по 20 јануари се поисвесно е дека ни следува нов многу ладен период со многу ниски температури на воздухот, а овој Арктички бран кој е можен по 20 јануари може да донесе и нови снежни врнежи и снежна покривка.

Температурите би биле уште пониски за разлика од овој ладен бран кој не зафати изминатиов период, и истиот ќе услови многу ниски температури наутро во следните денови.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочно анализирање на времето, промени во прогнозата се можни, па за да не дојде до забуна кај граѓаните, истите ги советувам постојано да ги пратат моите краткорочни анализи на времето, кој се со многу голема веројатност за остварување, дури и со над 90 % веројатност за остварување.