
Центарот за управување со кризи соопшти детали за пожаот што избувна во населбата Карпош 4.
„Гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот Обединети Нации. Се работи за стар објект кој повеќето од објектот нема функционалност, но во еден дел има отворено сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии. Еден воздухоплов на ДЗС враќајки се полн со вода од извршување на задачата за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше го забележал густиот дим од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над пожарот на објектот“ велат од ЦУК.
Пожарот го гаснат 10 пожарникари на Бригадата со пет противпожарни возила.