Skip to main content
Балкан

Детали за двојното убиство во Загреб: Војникот ги изрешетал мажот и жената и отишол на работа во претседателската палата

18/06/2025  17:36

Дваесет и деветгодишен припадник на баталјонот за почесна гарда на хрватската армија е уапсен и обвинет за убиство на маж и жена во гаража во загрепски Маркушевац, додека 31-годишен маж е осомничен дека му помагал во кривично дело чии мотиви, според неофицијални информации, се од финансиска природа.

Матија М., 29-годишен војник осомничен за брутално двојно убиство што се случи во петокот во загрепската населба Маркушевец, утрово беше донесен со лисици во просториите на Окружното државно обвинителство каде што ќе биде испрашуван.

Се претпоставува дека државното обвинителство ќе предложи изрекување мерка притвор во текот на денот. Уапсениот војник веќе е испрашуван во седиштето на криминалистичката полиција на улицата Хајнзелова. Тоа испрашување заврши доцна синоќа.

Според информациите од хрватската полиција, тој ги ликвидирал 30-годишна жена и 38-годишен маж, за кое се сомнева дека е нарачано убиство, а потоа, како ништо да не се случило, заминал на работа во Пантовчак. Полицијата објави и видео од моментот на апсењето, на кое се гледа бруталната интервенција против осомничениот и неговиот помошник. Двајцата се приведени и обвинети за соучесништво во тешко убиство.

Според кривичната истрага, убиството се случило на 13 јуни околу 18:15 часот, кога војникот пристигнал со мотоцикл до станбена зграда на улицата Црна вода во Загреб. Таму се сокрил во гаражата, чекајќи ги жртвите. Откако парот се појавил и се качил во автомобилот, осомничениот се доближил од страната на возачот и испукал неколку куршуми кон нив. По извршеното злосторство, го земал оружјето и избегал со мотоцикл. Неколку улици подалеку го чекал неговиот 31-годишен помошник, кому му го предал мотоциклот, а од него го зел автомобилот со кој веднаш продолжил кон Пантовчак на своето работно место. Мотоциклот подоцна бил паркиран пред зградата каде што живее осомничениот. Полицијата успешно ги лоцирала и уапсила двајцата.

Случајот ја крена хрватската јавниост и отвори лавина реакции поради фактот дека убиството го извршил човек кој секојдневно е во близина на шефот на државата.