
38 годишен скопјанец во семејниот дом, со остар предет вчера ја усмртил сопругата, но два часа подоцна бил уапсен од полицијата на ГП Табановце при обидот да побегне во Србија.

По извршениот увид во семејната куќа од страна на дежурен јавен обвинител биле прибрани траги и материјални докази кои ќе се вештачат а телото е предадено на обдукција. Од Обвинителството повеќе детали најавија во текот на денешниот ден.
-Вчера околу 17 часот на граничниот премин Табановце полициски службеници од регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Н.А од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело убиство. Имено вчера околу 15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејна куќа во Скопје Н.А со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош,-Гоце Андреевски – портпарол на МВР.
Семејното насилство и фемицидот стануваат се почести појави во земјава – алармираат и од националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Оттаму ги охрабруваат жртвите да пријавуваат, а надлежните институции ефикасно да ја вршат својата работа. Координатрката Аврамоска Нушкова вели законската рамка во земјава ги препознава речиси сите облици на семејно насилство, но проблемот е во нивната имплементација.
-Жртвите многу слабо претежно го пријавуваат насилството. Од една страна можеби она да не се чуе дома што ни се случува или срамот што ќе кажат комшиите или роднинтите, а од друга страна посебно недоверба кон институциите дека нема да се преземе ништо па и податоците покажуваат дека многу слабо се презема. Не е проблем законот, туку имплементацијата. Прво професионалците кои што работат во прва линија оние што први одговараат пред се полицијата и локалните центри за социјална работа, каде што е потребно дообучување, доусовршување, Ана Аврамоска Нушкова – Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Потатоците покажуваат дека само во периодот од 2019 до 2022 година биле извршени 19 фемициди.
Во 2023 година биле пријавени три случаи само во првите 9 месеци.
Во првите 9 месеци од 2024 година пак, биле пријавени 517 случаи на семејно насилство, а 476 од сторителите биле мажи. Според статистиката на мвр најчестите причини за семејното насилство се болестите на зависност пред се алкохол и дрога, потоа семејни недоразбирања, како и финансиски потешкотии.
Извор: Канал 5