
Во Полициската станица Прилеп, од Општа болница „Борка Талески“ Прилепвчера попладне било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 10-годишна малолетничка од од с.Алданци, крушевско.
-Според пријавеното, во дворот од семејната куќа, нејзиниот седумгодишен брат случајно го стартувал возилото „форд галакси“, со клучот кој бил на бравата, и ја прегазил на ногата, информира МВР.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.