Skip to main content
Македонија

Десет пријави има против сопругот на починатата Ивана, откри Тошковски

03/03/2026  13:18

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција објави нови детали по вчерашната трагедија во која загинаа мајка и дете во Карпош.

На 02.03.2026 околу 14 часот е пријавено од страна на случаен минувач дека мајка и девојче скокнале од зграда. МВР веднаш излегло на терен. Настаните имале претходница.

На истиот ден во 12.05 имало пријава, бил извршен разговор со Ивана, но таа изјавила дека се работело за недоразбирање и дека не бара полициска интервенција. Таа навела дека брачните односи ги решава во бракоразведна постапка. Составена е белешка и сега починатата Ивана го потпишала. Сите овие околности детално се документираат и ќе бидат предмет на понатамошна анализа.

Лицето Стојанче Јовановски е лишено од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пројава.

Во изминатите години од страна на СВР Скопје се поднесени 10 кривични пријави за дела од насилен криминал, имотни деликти и трговија со дрога против истото лице, објави Тошковски.