Skip to main content
Хроника

Десет мигранти од Египет и Сирија открила полицијата во патничко возило со радовишки таблички, возачот избегал

10/08/2025  14:16

Денеска (10.08.2025) во 00:40 часот кај место викано „Раскрсница Ѓавато”, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ забележале патничко возило „фоксваген пасат” со радовишки регистарски ознаки во кое биле превезувани мигранти.

Откако ги забележал полициските службеници возачот го запрел возилото и го напуштил местото.

При преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија.

По наредба на јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, а увид извршила екипа од Одделение за прекуграничен криминал, миграции странци и реадмисија Гевгелија.

Се работи на расчистување на случајот.