Skip to main content
Култура

Денови на македонската фотографија 2025 во КИЦ-Скопје

17/06/2025  08:26

Најстарата државна манифестација посветена на фотографијата, Денови на македонската фотографија 2025 (ДМФ), ќе биде реализирана по 63-ти пат во Културно-информативниот центар – Скопје, организирана од Фото сојузот на Македонија (ФСМ).

Според нивното соопштение, на настанот ќе се одржи отворање на изложбата на наградените и селектираните фотографии, како и доделување на признанијата во трите конкуренции.

На настанот ќе бидат изложени 85 фотографии од 36 автори во двата салони што претставува своевиден пресек на фотографското творештво во Македонија во изминатата година.